Кипарскиот Парламент денеска ја доби првата жена претседател, откако пратениците, при второто гласање, со 25 гласа „за“ ја избраа 35-годишната Анита Димитриу, јави дописничката на МИА од Атина.
Димитриу е членка на централно десничарската партија ДИСИ, која победи на парламентарните избори пред десет дена, и партијата чиј лидер беше и актуелниот претседател на Кипар Никос Анастасиадис.
По изборот на Димитриу, Анастасиадис ја истакна важноста што земјата доби жена на позицијата претседател на Парламентот.
-Она што е важно е дека денеска се испраќа силна порака до сите жени на Кипар, до сите граѓани на Кипар дека жените можат и заслужуваат да бараат слични позиции, истакна Анастасиадис.