Апликацијата за допишување „Сигнал“ се чини дека веќе не функционира во Кина без употреба на виртуелна приватна мрежа или „VPN“ од вторникот наутро, соопштија корисниците во земјата.
Имено, ова е практика во Кина, со помош на софистициран систем за „чистење“ и тие го спречуваат пристапот на граѓаните до меѓународните платформи за социјално вмпрежување како што се „Фејсбук“ и „Твитер“.
Веб-страницата на „Сигнал“ е забранета од 15 март, пишува „АБЦ нет“, која ја следи сајбер цензурата во Кина.
Multiple contacts in mainand China just confirmed difficulties using #Signal app from Monday evening. https://t.co/OubrSBtpll
— Bang Xiao 萧邦 (@BangXiao_) March 16, 2021
Апликацијата веќе не е достапна за корисниците на „Андроид“ во Кина, каде услугите на „Гугл“ во голема мера се блокирани. Ниту тимот на „Сигнал“, ниту администрацијата за сајбер простор на Кина досега не го коменитраа ова случување.
Минатиот месец, Кина ја блокираше и апликацијата „Клабхаус“, аудио платформата која за кратко се разви во земјата.
„Сигнал“ забележа повеќе од половина милион преземања на апликацијата во Кина од 6 јануари