Кинескиот милијардер и основач на Алибаба, Џек Ма, во јавност не се појавил повеќе од два месеци, па во медиумите се појавија шпекулации дека тој  исчезнал.

Ма не се појави ниту во последната епизода од сопственото шоу „Африкански деловни херои“ во кое беше еден од судиите. Него го замени извршната директорка на Алибаба, Луси Пенг, а неговата слика исто така е отстранета од веб-страницата.

Портпарол на Алибаба рече дека Ма не бил во жирито „поради поклопување со распоредот“, објави „Фајненшл тајмс“.

Деловната империја на Ма, Ант Груп, беше под лупа на Пекинг откако Ма одржа контраверзен говор во Шангај на 24 октомври, критикувајќи го кинескиот регулаторен систем за задушување на иновациите и споредувањето на глобалните банкарски правила со „клубот на стари лица“.

“Денешниот финансиски систем е наследство од индустриската ера. Треба да поставиме нова за следната генерација и за младите. Треба да го реформираме сегашниот систем”, рече Ма во својот говор.

Нешто повеќе од недела дена подоцна, суспендирана е првата јавна понуда на Ант Груп (проценета на рекордни 37 милијадри американски долари) која веќе доби зелено светло од кинеското надзорно тело за хартии од вредност.

Кинеските власти покренаа антимонополска истрага против Алибаба кон крајот на декември и ѝ рекоа на Ант групата го реконструира своето работење.

Ма последниот твит го објави на 10 октромври минатата година.