Кинеската Влада одобри клинички да се тестираат уште 16 вакцини против Ковид-19, а шест од нив веќе ја поминале третата фаза, објави „Чајна дејли“.
Кина веќе има две вакцини кои ги продава ширум светот, а околу 40 милиони граѓани веќе примиле вакцина.
Кина веќе продаде 440 милиони дози во најмалку 27 држави, а најави дека ќе обезбеди 10 милиони вакцини против Ковид-19 за глобалната инцијатива за дистрибуција на вакцините КОВАКС.
Светска здравствена организација (СЗО) најрано во март би можела да донесе одлука за одобрување на вакцините на „Синофарм„ и на „Синовак“.
Бразил, Индонезија, Турција и Обединети Арапски Емирати веќе ги одобрија вакцините на „Синофарм“ и на „Синовак“.
Додека вакцината на „КанСино Биолоџиг“ веќе е одобрена за употреба во кинеската армија.
Ниту една од трите компании не објави податоци за ефикасноста на своите вакцини. (МИА)