Пекинг има намера да воведе санкции против претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, јавуваат медиумите во регионот.

Advertisements

Санкциите ќе важат и за нејзините најблиски роднини. Тоа е потег кој дојде како реакција на нејзината посета на Тајван, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

„Пелоси го посети Тајван непочитувајќи ги сериозните грижи и протести на Кина, силно се меша во внатрешната политика на Кина, предизвика сериозна штета на кинескиот државен суверенитет и територијален интегритет“, се вели во соопштението на Министерството, пренесено од агенциите.

Како што се додава, американската функционерка и нанела силен удар на политиката на Кина, загрозувајќи го мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец.

Медиумите потсетуваат дека Пелоси неодамна го посети Тајван, што предизвика остра реакција од Кина, која островот го смета за дел од својата територија.

После тоа кинеската војска почна со вежби во водите околу Тајван, кои ќе траат до крајот на неделата.