Кина преку соопштение предупреди дека обидите на Тајван да добие независност од Пекинг „значат војна“.

Предупредувањето доаѓа неколку дена откако Пекинг ги засили воените операции и испрати борбени авиони во близина на островот.

Ова се случува во време на се потесните врски меѓу САД и Тајван, островска држава која минатата недела експресно ја поздрави новата администрација во Вашингтон.

САД вчера и официјално ја потврдија посветеноста на Вашингтон за поддршка на одбранбените способности на Тајван.

Кина на Тајван гледа како на своја провинција која се обидува да и се оддели, но Тајван веќе неколку децении се смета и живее како суверена држава.