Кина нема да се приклучи кон финансиските санкции што САД и ЕУ ги воведоа против Русија, соопшти денеска кинеската банкарска регулаторна комисија.
Претседателот на кинеската регулаторна комисија за банкарство и осигурување, Гуо Шукинг изјави дека официјален Пекинг е против воведувањето санкции.
– Ние нема да се приклучиме на таквите санкции и ќе одржиме нормална економска, трговска и финансиска размена со сите релевантни страни, истакна Гуо на прес-конференција.
Тој додаде дека Кина не ги одобрува финансиските санкции, особено оние наметнати еднострано, „бидејќи тие немаат правна основа и нема да имаат добри ефекти“.