На почетокот на август, пратеници од најмалку шест земји од Европа и Јужна Америка биле изложени на непримерен дипломатски притисок од кинеската влада за да го откажат патувањето во Тајван, каде требаше да се одржува Самит на Интерпарламентарна алијанса за Кина (IPAC), кој е неформален меѓународен форум. IPAC е организација која обединува 250 пратеници од 35 земји, кои се загрижени од попустливиот однос на западните демократии кон авторитарниот режим во Кина. Повикувајќи се на изјави на пратеници од Боливија, Колумбија, Словачка, БиХ и Северна Македонија, нотирано е дека пратениците добиле пораки, повици и итни барања за состаноци на кои кинески дипломати се обидувале да ги убедат да не патуваат на Самитот во Тајпеј.

Претставниците на IPAC се жалат дека постојано се соочуваат со притисок од кинеската влада, а дел од членовите дури и биле санкционирани. Во 2021 година организацијата дури била цел на хакерски напад спонзориран од кинеските власти. Директорот на IPAC, Лук де Пулфорд смета дека нападите на кинеската влада се без преседан затоа што кинески дипломати им пристапиле на пратениците откако го потврдиле учеството.

Пратеникот Антонио Милошоски за македонските медиуми потврди дека добил пораки од дипломати на кинеската амбасада во Скопје, кои од него барале детали за патувањето во Тајпеј.

„Имаше урегенции, помалку и агресивни, да се откаже учеството на таквата меѓународна конференција“, вели Милошоски, додавајќи дека со пратеникот Фатмир Битиќи решиле да ги игнорираат притисоците бидејќи нивната агенда како избрани пратеници сами ја одлучуваат, а не странски амбасади.

На сличен притисок била изложена и босанска пратеничка, која се пожалила дека кинески диполмати вршеле притисок врз лидерот на нејзината партија, со барање да ја спречат да не патува во Тајван.

„Ми ја покажа пораката од нив. Тој рече: „Ќе те советувам да не одиш, но не можам да те спречам, тоа е нешто што треба сама да одлучиш“, изјавила Санела Клариќ, пратеничка од босанскиот парламент.

Несомнено овој дипломатски скандал претставува грубо мешање на кинеската влада во внатрешните работи на други суверени земји. Ваквото недипломатско и насилничко однесување на кинеските дипломати го покажуваат вистинското лице и намери на авторитарниот режим во Пекинг. Паднаа маските дека Кина води миролубива меѓународна политика согласно Повелбата на ОН, засновано на меѓусебното почитување на народите и немешање во внатрешните работи на државите.

Падна во вода и кинеската пропаганда присутна во дел од македонските медиуми, на кои главен наратив им е дека Кина е веродостоен партнер кој не се меша во нашите внатрешни работи. Таа наводно ги почитува другите народи и не бара ништо од нив, туку само нуди економска соработка, од која сите имаат бенифит.

Последниот скандал го покажува спротивното, дека комунистичкиот режим во Пекинг има агресивни намери кон другите народи. Очигледно е дека комунистичкоот режим ја користи економската сорабтока, инвестициите и кредитите како замка, за контрола на владите од другите земји, кои треба слепо да служат на агресивните интереси на кинеската влада. Во случај да не се покорат на волјата на Пекинг, тогаш се активираат директните притисоци и закани, како и уцените од економска природа, како што беше примерот со намерата да се банкротира црногорската влада.

Јасни се и злонамерните влијанија на Кина во Балканот, преку финансирање на инфраструктурни проекти, како што е изградбата на автопатот Кичево-Охрид, кој и после десет години никако да го се игради. Исто така, агресивната кинеска политика се гледа и во однос на руската агресија во Украина. Иако формално промовира неутралност во конфликтот, во суштина прави се да ја држи во кондиција воената машинерија на Путин. Р.З.