По разводот на Ким со Канје, еден стар додворувач на ријалити ѕвездата веднаш „нападнал“ за да завземе место во нејзиното срце.
Раперот Дрејк наводно фрлил око на Ким Кардашијан, тврди близок извор за „Heat“. Изворот тврди дека Дрејк се надева на можна романса со Ким штом официјално се разведе од Канје Вест, со кого има четири деца.
„На Дрејк никогаш не му беше јасно што виде Ким во Канје. Со години зборуваше дека тој не е за неа и дека Ким ќе заврши со солзи“, рекол изворот, додавајќи дека Дрејк започнал да и испраќа пораки на Ким веднаш штом слушнал дека таа поднела барање за развод во февруари.
„Тој беше изненаден зошто и требало толку време да разбере дека Канје не е за неа, а притоа тој започна да и испраќа пораки веднаш штом ријалити ѕвездата се изјасни дека разводот е неизбежен. Тој е подготвен да се сретне со неа штом таа тоа го посака и тој е убеден дека тоа ќе се случи наскоро“, тврди извор близок на раперот.
Дрејк и Канје веќе имаа вербални судири, а тие беа претежно поврзани со Ким. Фановите веруваат дека Дрејк алудирал во неколку свои песни дека имал сексуални односи со Ким, а на Канје не му се допаѓало тоа што тој никогаш не го негирал тоа.