Писателот и публицист на албански јазик Ким Мехмети од Македонија се огласи со остра реакција на својот фејсбук – профил во врска со најавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека ДУИ во иднина како приоритет во своето политичко дејствување ќе ја има така наречената „Зелена агенда“, односно оти предимство ќе му се даде на решавањето на еколошките проблеми.
„Албанците во Македонија имале разни политичари, но никој од нив не се потсмевал со својот народ колку лидерот на ДУИ: или е тој самиот глупав и слеп, или нас не прави такви.“ – реагира Мехмети, пренесуван и од медиумите на албански јазик во Македонија.
Тој нагласува: „Ахмети очигледно верува дека ние не гледаме оти општините со кои управува ДУИ имаат препознатлив знак: нивна целосна криминализација, деградација на образованието, реки претворени во депонии на ѓубре, градежна мафија во мнозинството од случаи која ја водат нивните градоначалници… За оние кои мислат дека сум склон на лични инаети еве еден предлог: најдете не една ливада, туку едно место без ѓубре на бреговите на реката Треска каде што ќе можете да седите со вашето семејство. Ако го најдете, јас ќе се извинам и никогаш повеќе нема да се занимавам со јавна активност.“
„Затоа, секој што сака да се занимава со еколошките проблеми ќе мора да започне со расчистување на политичкото ѓубре што го прекриваше албанското општество во Македонија во последните две децении.“ – заклучува Ким Мехмети во реакцијата на „зелениот“ еколошки настап на Али Ахмети вчера во Скопје./Expres.mk