Пишува Ким Мехмети
На пријателите и новинарите што ме прашуваат во врска со судската постапка против мене, нема што друго да им порачам освен дека знам оти делувам и живеам во држава која беше и остана политичка филијала на Белград, во земја каде што е дозволено да скандираш „Смрт на шиптарите” и „Бугари татари”, но кај што не смееш да критикуваш ниту еден српски проект, како што е на пример тој за „Отворен Балкан”, а којшто проект го поддржуваат три земји на кои препознатлив знак им е корупцијата, незаконитоста, урнатата економија, како и срушениот образовен и здравствен систем.
И во една таква држава, полициските и политичките кругови, имаат разработена стратегија како да им ја затнат устата на политичките неистомисленици: наоѓаат некој идиот кој ќе покрене судска постапка против тебе, потоа ќе откријат некој јавен обвинител немакедонец (значи „објективен”) кој што ќе те шета од еден во друг суд, се додека не се истоштиш и финансиски, со што ќе те принудат да пронајдеш некој пријател на идиотот што те тужи, за да го замолиш да го убеди својот пријател да ја повлече тужбата, а со што ќе навлезеш во вртлогот кој те дави, кој не ти допушта да видиш дека и тој што те спасува, е ист е како и тој што те тужи.
Да, знам дека не е лесно да преживееш и да делуваш во една држава како Македонија, каде што на сите нејзини граѓани, Белград им ја знае и бојата на гаќите што ги облекле, а не пак кој е тој што ги критикува српските проекти, и кој им се противи на политичките браќа на српскиот претседател.
Значи ја познавам стратегијата како се преживува во вакви држави, е каде што раката што те милува не се разликува од таа што те убива и каде што, преовладува вербата дека Македонецот, но не и Албанецот, смее да мисли со своја глава и каде што, тоа што му е допуштено на вастодржецот, не му се дозволува на вазалот, а при што, повеќето државници Албанци се вазали на белградските вазали.
Затоа на сите дебиљи и идиоти, без разлика дали се од левицата или десницата, ќе им откријам една тајна: ниту една албанската мајка нема да роди по голем плашливко од мене, и токму заради тоа мене ме надвладува стравот дека и моите внуци и внуки ќе ја имаат таа несреќа да живеат во една Македонија ваква како ова во која живеам јас, во држава каде што омразата кон Албанците ти носи македонски гласови и те прави парламентарна партија, значи во една земја каде што омразата кон Албанците и Бугарите се наградува, а критиките кон Белград, ти ја загрозуваат иднината.
На крајот тоа што требаше да го кажам на почеток: драги мои пријатели и почитувани новинари, немојте дотолку да ме сметате за наивен за да помислите дека не знам оти сум опкружен од политички и полициски хиени, кои и кога го „бранат” македонскиот народ, спијат во Македонија но сонуваат српски соништа. И кои, без поддршката на Белград, се чувствуваат како детето без мајчина грижа, без мајката што ги измислила, што ги доела и го израснала.
Ким Мехмети