Познатиот албански писател од Скопје, Ким Мехмети, за најгледаната телевизија во Косово, ТВ Дукаѓини изјавил дека не само македонските, туку и албанските политичари во Македонија се однесуваат како слуги на Белград и работат против бугарско-албанското зближување.

Според Ким Мехмети, заробеници на српската политичка памет не се само македонските политички елити, туку и некои албански политичари, вклучувајќи го и премиерот на Албанија Еди Рама, кој ги поддржува српските проекти, како што е „балканскиот мини шенген„.

„Кога ги слушате министрите Албанци во владата на Македонија како ги бранат македонските интереси, имате чувство како тие да се Македонци.  Со што се  отсликува нивната инфериорност и нивниот вазалски ум“, вели Ким  Мехмети.

Според него, ваквата сервилност не претставниците не ДУИ кон Белград, ги принудува нив да се преправаат оти не знаат дека Србија со децении инвестираше да ги убеди Македонците оти Албанците и Бугарите се нивни природни непријатели.

Во едночасовната емисијата посветена на неговото дело и неговиот живот, писателот Ким Мехмети се осврнува и на конфликтот од 2001, кој се случил во време коа започна бугарско-албанското зближување.

„Не треба да заборавиме оти во 2001 година на власт беше Лубчо Георгиевски со својот албански коалиционен партнер ДПА и дека, албанско-бугарското зближување ги  растревожи големосрпските центри, кои сторија се за да ги елиминираат од политичката сцена сите противници на големосрпските интереси„ смета Мехмети.

Тој додал дека по падот на владата на Георгиевски, Македонија повторно стана тоа што беше во бивша Југославија – политичка послушна филијала на Белград. Денеска, вели Мехмети, Македонија е под целосна контрола на Белград и останува нејасно како е можно ова да не им пречи на челниците на ДУИ, кои веќе две децении по ред се владини коалициони партнери со најпросрпските македонски политички структури,

„Дека денешна Македонија е под целосна контрола на Белград докажува и еланот со кој македнските државници ги подржуваат големосрпските проекти, како што е  „балканскиот мини шенге. За жал, ваквите српски проект не им пречат ниту на албанските политичари во Скопје, како и не премиерот на Албанија, а што докажува дека и некои албански политичари се заробеници на српската политичка памет.“, заклучува Ким Мехмети.