Во Македонија постојат просрпски и проруски партии кои, на големите македонски политички парии им служат како канти, во кои, тие го фрлаат нивното антиалбанско ѓубре. Ова го вели Ким Мехмети во интервјуто дадено за една од најгледаните албански телевизии, Syri. Tv, а во врска со обвинението подигнато против него од една мала македонска политичка партија.

За да ја запазам личната хигиена и, за да не ја рекламирам, нема да и го спомнам името, но во Македонија има една просрпска и проруска партија која, на поголемите македонски политички партии, им служи како контејнер, во кој тие го фрлаат своето антиалбанско ѓубре. При што јас се држам што понастрана од таквите политички „канти, заради тоа што од нивната смрдеа ми се повраќа”, вели Ким Мехмети.

Јас се восхитувам на страста со која оваа партија ја штити Македонија и македонскиот народ од таквите како мене, додава Мехмети.

Патем кажано, јас се восхитувам на страста со која оваа партија ги штити Македонија и македонскиот народ од таквите како мене, и тоа држејќи ги во просрпскиот вителот на меѓуетничките недоразбирања. Но при тоа, се плашам дека ваквата заштита, може да ја доведе Македонија до тоа да од неа не остане ниту буквата „М, а на македонскиот народ да не му преостане ништо друго освен да избере со кој од своите соседи сака да се изедначи, тврди Мехмети

Според Ким Мехмети, Македонија има институции кои не им служат на граѓаните туку на партиите на власт. Така да, вели тој, додека обвинителството троши време со него, овдешните судови, контролирани од партии на власт, го ослободуваат Мијалков, и тоа можеби само за да и наштети на ВМРО-ДПМНЕ, која го загрозува владеењето на СДСМ и ДУИ.

Денес е пуштен на слобода Сашо Мијалков. При што, според мене, слободата тој ќе треба да ја наплати со нанесување штета на довчерашната негова партија ВМРО-ДПМНЕ, која имаше спектакуларна победа на последните локални избори, додава писателот Ким Мехмети во интервјуто дадено на албанската Syri.tv.

На прашањето зошто овдешните албански партии не застанале во негова одбрана при ваквите обвиненија, Мехмети тврди дека не ја посакува нивната одбрана и нагласува дека ДИУ би го посакала неговото замолчување повеќе од било која македонска партија.

Како и да е, кај Македонците барем има кој да покрене судска постапка против тие што му „наштетуваат на тој народ. За разлика од албанските функционери, кои молчат и тогаш кога се скандира „Смрт на шиптарите, и тоа во присуство на државници од редовите на владините коалициони партнери на ДУИ. И нема албански функционер да крене глас против антиалбанството оти ние веќе две децении живееме без политичка опозиција и под власта на ДУИ. На токму оваа ДУИ која се сеќава на народот само за време на предизборната кампања, тогаш кога треба да измисли нешто со што ќе ги уцени македонските политички партии, и со што ќе ги манипулира Албанците, како на пример „премиер Албанец. При што, сега кога самата го погази правилото за владината коалиција да биде составена од победничката македонска и албанска партија, нема веќе со што да уценува и залажува, освен, можеби, со барањето за регионализација на Македонија!, заклучува Мехмети.