„Видете, во Македонија да беа лоповлукот, дволичноста, лагата, празните ветувања смртоносни болести,  Македонија одамна ќе останеше без политичари, сите ќе умреа. Но за нивна среќа не се болести. Да бидеш лицемерен не е болест, да лажеш, да го крадеш својот народ не е болест и затоа тие, не само што не страдат од тоа туку само се гојат “, изјави во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 познатиот аналитичар и публицист Ким Мехмети.

Мехмети истакна уште дека му е срам од Македонците како Албанец затоа што и тие како што вели се „заложници на игрите на безкарактерните пратеници“.

„Ние Албанците кога би биле коректни кон себе си и кон нашите сограѓани Македонци, не само што би ги нашле ваквите пратеници каде се кријат, туку за 24 часа би ги натерале да поднесат оставка“, вели Мехмети.