„Во Македонија има само една идеологија- да дојдеш на власт, да бидеш на власт. Мислам дека Беса ги наследила најдобрите особини на ДУИ, да предвиди со време, која партија ќе падне и да се престрои со таа што ќе дојде на власт“, изјави Ким Мехмети во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

Мехмети е дециден дека ако СДСМ не ја напушти власта ќе дојде до ситуација во парламентот да има само 10 пратеници.

„Ако не падне оваа власт СДСМ ќе падне на 10 пратеници“, вели Мехмети, додавајќи дека ДУИ одамна не е главен играч кај Албанците, факт што е познат и на самата партија на Али Ахмети.

Токму поради таа причина според Мехмети, ДУИ одамна не се занимава со Македонија туку зборува само за Европа и НАТО, а нејзиниот претседател се однесува како претставник на ОН, кој дошол во Македонија само за да направи извештај што се случува во земјата и какви мерки да се преземат.