Ким Кардашијан објави видео на Инстаграм на кое покажува како ја украсила својата куќа за Ноќта на вештерките.

„Решив дека темата ќе бидат скелети“, изјави реалити ѕвездата. Таа сними големо дрво покриено со украси од коски и череп, а потоа покажа „морничави луѓе“ кои изгледаат како да палат оган и скулптури на бели раце кои излегуваат од земјата.

Внатре во куќата, декор во форма на пајажина виси од таванот и ѕидовите. „Овде е навистина морничаво“, додаде Ким, покажувајќи на лажните мумии расфрлани низ куќата.

Нејзиното видео го погледнале повеќе од милион луѓе. Некои напишаа дека ова им е „многу кул“, додека други се согласија дека нема да се осмелат да спијат во нејзината куќа покрај вакви украси.