Риалити ѕвездата Ким Кардашијан официјално поднела барање за развод по седум години брак со раперот Канје Вест, пишува „Page Six“.
А Лора Васер, познатата адвокатка во холивудските кругови ги доставила документите во име на Ким во петокот.
Кардашијан и Вест се венчаа во Фиренца во 2014 година и заедно имаат четири деца, ќерките Норт (7) и Чикаго (3) и синовите Сент (5) и Псалм (1).
Целата приказна за разводот на славната двојка започна по „испадот“ на Канје кога на јавен настап откри дека Ким сакала да го абортира едно од нивните деца. Потоа заминаа на одмор и се обидоа да го спасат бракот, но веројатно не успеале да поминат низ ова.
Како што пишуваат американските таблоиди, тие веќе поминале низ процесот на поделба на имотот.
Адвокатката Лора Васер која ја нарекуваат „кралица на холивудските разводи“ Ким ја ангажира по втор пат. Првиот брак на Кардашијан со кошаркарот Крис Хамфрис заврши неславно во 2011 година и тогаш на чело на нејзината одбрана беше Васер.
Според „TMZ“, Кардашијан поднела барање за заедничко правно и физичко старателство над четирите деца. Според нивниот извор, Канје ги прифатил условите за старателство или ко-родителство.
Лора Васер стана пошироко позната изминатата година, делумно поради холивудскиот развод кој неодамна заврши меѓу Џони Деп и Амбер Херд и Анџелина Џоли и Бред Пит.
Списокот клиенти кои ги претставувала Васер на суд вклучува врвни актери меѓу кои и Ештон Качер, Рајан Рејнолдс, Кифер Сатерленд, Џенифер Гарнер, пејачката Гвен Стефани, Бритни Спирс, Кристина Агилера, Хајди Клум и многу други.
Имено, славните личности за 1000 американски долари на час, можат да ангажираат судија кој ќе дојде во канцеларијата или конференциската сала на Лора, што значи дека можат целосно да избегнат случајот да се решава во јавниот суд.
Еден час од нејзиното правно советување чини од 600 до 950 американски долари и како што пишуваат странските медиуми, обавезно бара аванс од 25.000 американски долари.