Најпознатата ријалити ѕвезда на светот, Ким Кардашијан (40) објави три слични фотографии на кои изгледа прекрасно, а потоа, со описот на фотографиите, објави дека станала веганка.
Имено, Ким објави фотографии во бела кошула со чуден крој и беж панталони, а потоа напиша:
– Веге – диетата прави телото да изгледа добро, напиша славната Ким и собра 2,3 милиони „лајкови“.
„Се согласувам“, „Многубројните операции го прават вашето тело да изгледа добро“, „Каде се нејзините гради, како воопшто да не постојат?“, „Ова е нејзината двојничка затоа што Ким не е толку слаба и има поголеми гради“, „Изгледате совршено како и секогаш“, беа само дел од коментарите на нејзините следбеници.
Sвездата кон крајот на јануари годинава изјави дека се хранела 30 дена исклучиво со билки и сподели дека и се придружиле неколку членови од семејството кои почнале да го практикуваат нејзиниот нов начин на исхрана.
– Официјално убедив уште тројца членови на моето семејството да јадат само растенија. Веганизмот е начин на живот, изјави неодамна Ким Кардашијан, која некогаш беше позната како голема обожавателка на месо во диетите, па често јадеше плескавици, стекови и пици.
– Дали навистина изгуби толку многу килограми што и „изгореа“ градите? – праша еден обожавател, додека другите фанови тврдат дека сепак чудниот крој на кошулата е сепак одговорен за помалиот изглед на градите.