Дванаесетгодишната Норт Вест, ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест, стана тема на јавноста поради лажни тетоважи, пирсинг и обоена коса, што многумина го нарекоа непримерно.
Ким во интервју откри дека, кога еден обожавател ја критикувал, Норт самоуверено одговорила: „Ова е толку небитна работа.“
Ким изјави дека тоа бил совршен одговор и додаде дека ја поддржува креативноста на ќерка ѝ, иако понекогаш добива критики поради тоа што дозволува одредени стилови.
Во подкастот Call Her Daddy, таа рече дека сите деца носат слична облека, но дека нејзините избори се секогаш под лупа на јавноста.
На крај, Ким појасни дека целиот изглед бил само костим за Ноќта на вештерките.
Текстот Ким Кардашијан откри како реагирала нејзината ќерка Норт на критиките за изгледот е превземен од МАКФАКС.























