Откако утрово рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација, се огласија украинските власти.

Михајло Подолјак, советник на украинскиот претседател Зеленски кажа дека овој потег наговестува дека војната не се одвива според планот на Русија.

Руската мобилизација беше предвидлив чекор кој ќе се покаже крајно непопуларен во јавноста“, велат од Киев.

Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател на „Твитер“ објави дека Русија не успеала да ја постигне целта.

Повеќе од шест месеци војна против Украина, Русија не успеа да ја постигне целта. Тоа се случи благодарение на украинскиот народ и со помош на нашите меѓународни партнери“, напиша Јермак.

Според рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, во делумната мобилизација ќе бидат вклучени 300.000 лица, главно оние кои имаат воено искуство.