Русија лансираше 90 дронови неколку часа пред Нова година, соопштија украинските воздухопловни сили.

Во објава на Телеграм, се вели дека вкупно 87 дронови биле успешно соборени.

– Непријателот употреби рекорден број на дронови за напад од типот Шахед, стои во објавата и се прецизира дека нападот бил извршен во бранови од четири правци.

Се тврди и дека Русија ја нападнала Украина со четири противвоздушни наведувани ракети С-300 во Харков.