Во напад врз училиште во северозападниот дел на Нигерија синоќа се киднапирани 39 ученици, само неколку недели по слично масовно киднапирање во истиот регион, соопштија локалните власти.
Според полицијата, киднапирани се 23 девојчиња и 16 момчиња, како и неколкумина вработени во училиштето за шумарство.
Нападот го извршила голема група „непознати вооружени разбојници“, на што одговорила војската и успеала да спаси 180 ученици и вработени.
Засега не се знае колкумина од киднапираните ученици се повредени, но потрагата е во тек.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш остро го осуди киднапирањето и повика „итно и безусловно ослободување на заробените ученици“.
Кон крајот на февруари напаѓачи киднапираа 279 ученици, исто така, во северозападниот дел на Нигерија. Тие се ослободени по преговори меѓу киднаперите и Владата, но не е објавено дали властите платиле откуп. Вооружените банди киднапираат деца поради откуп или ослободување на нивни упасени припадници. (МИА)