„Во периодот што следи ќе се подготвува амандманското решение, а потоа Собранието ќе одлучува дали ќе се отвора Уставот или не. Ако се отвори Уставот, тоа не е еден ден, тоа е цел процес кој ќе трае и ќе се дискутира јавно. Добро е ВМРО ДПМНЕ да се приклучи во работната група и да ги каже своите ставови таму“ изјави секретарот за јавни политики, Васко Кичевски во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека хрватскиот или било каков друг предлог треба да се разговараат во работната група, за да може да се креира консензуално решение.

„Најлошото што може да направиме е да не се дискутира на темата. ВМРО-ДПМНЕ се повлекува од дискусија. Дајте да разговараме. Пред некој ден спомнаа хрватски модел, кој би бил прифатлив за нив. Ајде да видиме дали таков модел може да се имплементира“ рече Кичевски.

Тој додаде дека ако не ги завршиме уставните измени влегуваме во процес каде што долги години нема да може да ги продолжиме преговорите со ЕУ и тоа ќе значат уште најмалку три години останување без преговори, со иселување на граѓаните и тапкање во место.

„Не мислам дека би дошоло до пореметување и конфликти ако не ги продолжиме преговорите. Но ќе изгубиме долг период во чекање. Тоа се случи и во 2008 година, кога имавме можност и подобар предлог за промена на името во времето на администрацијата на Буш, а десет години подоцна го сменивме името со полош предлог. Сега повторно се враќање назад, ќе губиме време и ќе добиеме којзнае каков предлог понатаму“ изјави Кичевски.