Припадниците на КФОР поставија блокада со бодликава жица на преминот Јариње непосредно пред протестот на ултрадесничарите. Тензиите меѓу Србија и Косово се зголемија во текот на изминатата недела откако Србите подигнаа барикади на главните патишта во северниот дел на поранешната српска покраина во знак на протест против апсењето на поранешен полицаец од косовски Срби. За сообраќај и пешаци затворени се и премините Јариње и Брњак. Србија во четвртокот официјално побара нејзините безбедносни сили да се вратат во отцепената поранешна покраина Косово, и покрај предупредувањата од Западот дека таквите повици веројатно нема да бидат прифатени и само ги зголемуваат тензиите во тој дел на Балканот.