Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, објави дека нејзиниот рак се повлекува.
„Олеснување е што сега сум во ремисија и останувам фокусирана на закрепнувањето. Како што знае секој на кого му е дијагностициран рак, потребно е време да се прилагоди на новата нормала“, рече таа во изјавата објавена на Инстаграм.
„Мојата искрена благодарност е до сите што тивко одеа покрај мене и Вилијам додека минавме низ сето ова“, продолжи таа. „Не можевме да бараме повеќе. Грижата и советите што ги добивме за време на моето боледување беа исклучителни“
Таа додаде дека се радува на исполнета година што претстои: „Има многу да се очекува. Ви благодариме на сите за континуираната поддршка“.
View this post on InstagramA post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)
Истиот ден кога ја објави веста, Кејт ја посети болницата каде што беше на лекување, за да им се заблагодари на членовите на персоналот кои и помогнаа. За време на посетата, Кејт го сподели своето искуство за хемотерапијата.
„Навистина е тешко. Тоа е вистински шок“, рече таа. „Сите ми рекоа да задржам позитивен начин на размислување бидејќи тоа прави голема разлика“. Таа, исто така, разговараше со Кетрин Филд, друга пациентка која прима хемотерапија во болницата. „Толку се приврзав“, рече таа, мислејќи на нејзината игла за терапија, шегувајќи се дека се двоумела кога и рекле: „Можеш да ја извадиш сега“.
„Има добри и лоши денови“
Принцезата Кејт првпат објави дека и е дијагностициран рак во март 2024 година, откако тестовите спроведени по планираната операција во јануари открија присуство на рак. Таа не откри за каков вид на рак се работи.
View this post on InstagramA post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)
Во текот на следните неколку месеци, Кејт редовно споделуваше информации за нејзиниот третман и здравје. Во јуни изјави дека се уште не е надвор од животна опасност и дека и претстојат уште неколку месеци хемотерапија.
„Добро ми оди, но како што знае секој што оди на хемотерапија, има добри и лоши денови“, рече таа во јуни. „Во тие лоши денови се чувствувате слабо, уморно и морате да го оставите вашето тело да се одмори.
„Не можам да го опишам олеснувањето“
Кон средината на јуни таа се појави во јавноста за прв пат откако ја објави дијагнозата, на церемонијата Trooping the Color, роденденската прослава на кралицата. Околу еден месец подоцна, таа присуствуваше на финалето во машка конкуренција на Вимблдон со нејзината ќерка Шарлот. Во септември, Кејт објави дека завршила со хемотерапија и дека сега се фокусира на живот без рак.
View this post on InstagramA post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)
„Како што летото се приближува кон крајот, не можам да го опишам олеснувањето што го чувствувам што конечно завршив со хемотерапијата“, рече таа во видеото објавено на платформата „Икс“.
„Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нашето семејство како што знаете, тоа може да се промени во еден момент , и моравме да најдеме начин да се справиме со бурните мориња и непознатите патеки“.
Таа учествуваше на неколку јавни настани од септември, вклучувајќи го и нејзиниот годишен концерт „Заедно на Божиќ“ со нејзиното семејство во декември.