Холивудскиот актер, Кевин Спејси се враќа на филмот сет по обвинувањата за сексуално злоставување.
Во новиот филм „Човекот што го нацрта Бог“, ќе го видиме во мала улога на полициски детектив, пишува „Variety“. Продуцентот на претстојниот нискобуџетен филм, Луис Неро ја потврди веста, откако претходно го пофали актерскиот талент на Кевин.
„Многу сум среќен што Кевин се согласи да учествува во мојот филм. Го сметам за одличен актер и едвај чекам да започне филмот”, изјави Неро за ABC News.
Добитникот на два оскари се повлече од јавноста откако на неколку наврати беше обвинет за сексуален напад.
Обвинувањата што почнаа да се појавуваат во 2017 година беа причина актерот да ги изгуби улогите во серијата „Куќа од карти“ и од филмот „Сите пари на светот“.
Неговата последна улога беше во „Клубот на момчиња милијардери“ во 2018 година, додека пак премиерата на филмот „Гор“ беше откажана на неодредено време.