Иако нивните животи се постојано под лупа на јавноста, со обожаватели насекаде, а со текот на годините имаа многу подеми и падови, се чини како ништо да не може да го разниша нивниот брак.
Мајкл Даглас и Кетрин Зита-Џонс се еден од најдолговечните холивудски парови, чиј брак трае 20 години. А, судејќи според последната објава на познатата велшка актерка, тие сè уште не можат еден без друг.
Фотографијата на која 51-годишната Кетрин го бакнува 25 години постариот Мајкл, воодушеви повеќе од 150.000 луѓе ширум светот, на кои навистина им се допадна интимната фотографија.
Создадена на зајдисонце, на море, на фотографијата тие се бакнуваат, а актерката нежно го држи лицето на нејзиниот сопруг.
Во описот на фотографијата, таа искористила стих од Вилијам Шекспир кој гласи: – Не можам да најдам поубав знак на љубов од овој бакнеж.
Со текот на годините, тие доживеаја многу предизвици, вклучувајќи и многу лоши периоди, кога на Мајкл Даглас му беше дијагностициран рак на грлото, додека Кетрин страда од биполарно растројство. Сето ова доведе до период кога парот реши да се раздели одреден период, за наскоро да сфатат дека не можат еден без друг.
Инаку пред две недели Мајкл Даглас го доби своето второ внуче од неговиот најстар син Камерон Даглас и неговата партнерка Вивијан Тибе.