Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, кажа дека минатата сезона уживал повеќе отколку сезоната кога Вориорс играа во финалето. Лани Голден Стејт имаше биланс од само 15 победи и дури 50 порази.
– Првите четири години од тој петгодишен период кога стигнавме до финалето беа многу позабавни. Бевме среќни, сè беше многу едноставно. И тогаш во последната сезона работите тргнаа на лошо. И покрај тоа што стигнавме до финалето, беше тешко. Минатата сезона, кога имавме најлош резултат во лигата, уживав повеќе од претходната сезона кога стигнавме до финалето. Минатата сезона имавме млади момци кои се трудеа секој ден, работеа напорно. Имавме одлична енергија, силен дух, братски односи, истакна Кер.
Губењето секако не годи. Но, главната работа е добрата атмосфера во тимот. Треба да бидете среќни што доаѓате секој ден на тренинзи и се среќавате со соиграчите. Последната сезона што ја загубивме од Торонто во финалето беше тешка. Во тимот се случија многу работи. Беше тешко, додаде Кер.
Оваа НБА-сезона Голден Стејт по 43 одиграни натпревари има ефект од 22 победи и 21 изгубен натпревар.