Атлетичарката од Бугарија Маринела Нинева заврши на второ место во женската конкуренција на 21-от Виз Ер скопски маратон. Нинева ја заврши трката со време 2:45:36. Првото место го освои Кенијката Ирине Џеруто со најбрзо време од 2:38:31 часа. Трето место и припадна на Ана Јусупова од Азербејџан со време 2:48:10.

Во машката конкуренција победата ја однесе Дарио Ивановски, кој ја мина делницата во должина од 42 километри со време од 2:14:50 часа, триумфирајќи со извонреден финиш во кој во завршните два километри го остави зад себе Кениецот Џулиус Кипкоеч, кој долго време водеше во трката, а на крајот заврши второпласиран, заостанувајќи 30 секунди зад победникот. Третото место го освои Грузинецот Давити Каразишвили со време од 2:19:59 часа.

Годинешното издание на Виз Ер скопскиот маратон донесе рекорден број од 14.010 учесници од 58 држави.Генерален покровител на традиционалниот Виз Ер скопски маратон годинава беше Министерството за спорт.