Еден човек, наводно, се заканил дека ќе ја убие Кендал Џенер и дека потоа ќе си го одземе сопствениот живот. Тој е идентификуван како Малик Боукер и против него судот веќе одредил привремена мерка за забрана за доближување до 25-годишниот модел.

Џенер тврди дека 24-годишниот маж патувал низ целата земја со една единствена цел – за да ја убие.

Како што пренесува „ТМЗ“, полицаец на полицискиот оддел во Лос Анџелес ја информирал Џенер за наводниот план за нејзино убиство уште на 25 март.

epa-efe
EPA-EFE/NINA PROMMER

Имено, Боукер имал намера да ја „убие Кендал Џенер бидејќи, според него, таа не ја користела правилно својата јавна платформа“.

Како што пишуваат странските медиуми, моделот и ѕвездата на риалити шоуто „Keeping Up With The Kardashians“ тврди дека детективот ѝ рекол дека Боукер планира да купи нелегално оружје за да ја убие, а потоа и самиот да си го одземе животот.

Сепак, полицијата успеа да го лоцира и тој во моментов е задржан на привремено психијатриско лекување. Но, тој може да биде ослободен во секое време.

Џенер вели дека воопшто не го познава Боукер, а неговиот наводен план за убиство ѝ предизвикал длабока вознемиреност и емоционален стрес.

epa-efe
EPA-EFE/JUSTIN LANE

Таа исто така додаде дека поради наводните закани, стравува дека доколку го пуштат на слобода тој ќе ја најде и ќе се обиде да ја повреди или убие.

Затоа, поради безбедносни причини, Кендал морала да се пресели на побезбедна локација со вооружено обезбедување и не планира да се врати во нејзинот дом. Засега, нема информации дали таа ќе одлучи да ја продаде нејзината куќа.