Она што се случува во Градот Скопје посебно во делот на односот на релација дел од Советници – Градоналчалник на Скопје е навистина за секоја осуда и е недозволиво во современата демократија изјави Проф.Др. Јове Кекеновски за 24 инфо.

Жално е што избраните советници немаат претстава за значењето и сериозноста на институцијата Совет. Советот не се детски јасли па секое дете да си приредува претстава како што сака или како што му наредиле неговите домашни или блиски.

Лично за мене во овој случај се работи за недорасанати политички аналфабети кои никако да сфатат дека Градот Скопје не е нивен па да си дозволуваат да си играат со граѓаните како што ке си поскаат или како што ќе им наредат ,,одозгора”.

Не е дозволиво Претседавач на Совет да му забранува на Градоначалникот слободно да дискутира на седница на Советот по точките на дневен ред без разлика од кого се предложени точките.

Впрочем Претседвачот на Советот е само прв меѓуеднаквите советници, избран на партиска листа врз основа на пропорционалниот систем, додека Градоначалникот е избран на директни и непосредни избори врз основа на мнозискиот систем.

Впрочен тој е извршен орган на градот, а додека Советот има нормативна и во одредени ситуациии контролна функција.

За мене е недозволиво, некоректно, недемократски, непрогесионално крај на крајот и не човечки веќе започнати и одобрени проекти од Советот, заради политички несолгасувања истите да се стопираат или да се врши пренамена на средствата кои претходно се одобрени на седница на Совет.

Не е дозволиво на таков начин да се врши политичка одмазда кон оној со кој не се согласувате посебно од причина што јасно се дефинирани надлежностите на Советот, но и правото на Градоначалникот во однос на актите кои ги носи Советот По се изгледа дека нема кој да и каже на Градоначалничката дека таа има право на контрола на законитоста на прописите кои ги носи Советот и дека има право на вето на актите кои ги донесува Советот.

Во случај да биде ставено вето на одреден акт донесен од страна на Советот и истиот тој акт повторно да се изгласа односно повторно да се потврди од Советот, тогаш Градоначалникот е должен актот да го објави во Службено гласило на Градот, но истовремено е должен да поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорениот пропис пред Уставниот суд на РМ.

Јас не навлегувам во причините за разидување и несогласување помеѓу Градоначалничката и партијата кој ја предложи и и овозможи да биде избрана, но како професор и човек кој има теориско и емпириско искуство со локалната самоуправа не може да ги премолчи овие недостојни и понижувачки случувања и сериозно непочитување на законската регулатива и и отсуствао на морална одговорност на сите вклучени во оваа рашомонијада.

Уште помалку може да се согласам со политизација на активностите наработничките синдикати во скопските јавни претпријатија при што истовремено јавните претпријатија за жал станаа партиски дувла и институции од кој се испумпуваат пари за партиите.

Жално е што ова го знаат обвинителите и останатите надлежни институции но притоа тие со години наназад не преземаат никакви мерки за спречување на овој очигледен криминал кој го правеа партиските директори.

– Мора итно да се најде заеднички јазик помеѓу Советот и Градоначалничката и да престане оваа партиска трагикомедија и тормозење на граѓаните на Скопје.

Но за жал не сум оптимист дека набрзо ке дојде до смирување на страстите од едната или другата страна и затоа сметам дека ке биде најдобро Советот да се самораспушти (да не се чека причина да биде неусвојувањето на Буџетот за наредната година) и да има нови избори за членови на Совет од причина што секој поминат ден ке биде се повеќе на штета на нас граѓаните. Што се однесува до Градоначалничката таа засега јавно кажа дека нема да поднесе оставка, а други начини за нејзино отповикување непостојат освен распишување референдум за отповик а тоа е процедура која бара и време и многу пари.

Во однос на сеуште немањето одговор и решение на тоа кој ги дојавува за поставени бомби во училиштата сметам дека е вина на полициските и другите истражни органи.

Овие случувања ја покажаа целата неспобност на надлежното министерство односно ја покажаа гнилоста на системот.

Воопшто не држат вода јавните правдања на Министерот за внатрешни работи за тешкотијата да се пронајдат вознемирувачите односно лажните дојавувачи.