Џанлуиџи Донарума најверојатно ќе го напушти Милан ова лето и неговата нова дестинација треба да биде ПСЖ.
ПСЖ вчера го потврди доаѓањето на Вијналдум, кој пристигна во клубот без обештетување од Ливерпул, а истиот случај треба да биде и со Донарум.
Договорот на италијанскиот голман со Милан истекува на крајот на овој месец, а како што стојат работите, тој нема да ја продолжи соработката.
Донарума се поврзува со неколку клубови, но како што стојат работите на крајот тој ќе потпише за ПСЖ.
Дури беше напишано дека ПСЖ може да го испрати Донарума на едногодишна позајмица во Милан, бидејќи во тимот го имаат Кејлор Навас, но јасно е дека тоа нема да се случи.
Навас неодамна го продолжи договорот со ПСЖ до крајот на следната сезона откако имаше одлични игри во дресот на Париз.
Сепак, Ле Паризиен објави дека Донарума ќе биде првиот голман следната сезона, и дека Навас ќе се пресели на клупата, иако навистина имаше неколку одлични игри минатата сезона.
Наводно, челниците на клубот го смениле мислењето за Навас по полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Потоа направи неколку грешки кои ги чинеа парижаните и очигледно е дека поради тоа го загуби местото во почетниот состав.
Gianluigi Donnarumma ne sera pas prêté la saison prochaine et vient pour être titulaire au PSG.
La direction parisienne n’aurait pas apprécié “les erreurs de Navas au match aller face à Man City”.
(@CorSport) pic.twitter.com/OuzdFtPyHV
— BeFoot (@_BeFoot) June 11, 2021
Иако неодамна го продолжи договорот со клубот, јасно е дека постои можност Навас да побара негово заминување откако ќе се официјализира соработката со Донарума.
Со оглед на тоа дека тој е одличен голман, јасно е дека костариканецот нема да има проблем да најде нов клуб.