Искусниот јапонски играч за врска Кеисуке Хонда (34) направи интересен чекор во кариерата.
34-годишниот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во Азербејџан и во следните денови ќе стане член на тимот на Нефчи.
Договорот меѓу двете страни е веќе постигнат и Хонда наскоро ќе отпатува за Баку каде ќе потпише договор.
Хонда играше за ЦСКА и Милан во богата кариера, а последниот ангажман го имаше во Ботафого.
Тој исто така играше во Австралија и Мексико по сезона, а неодамна потпиша и за португалскиот Портимоненсе.
Сепак, тој не можеше да биде регистриран, па соработката наскоро беше откажана.
