Принцот Хари и Меган Маркл ја изненадиле војвотката од Кембриџ, со „внимателни“ подароци за нејзиниот роденден, пишува „Мирор“.
Кејт го прослави денот со мала забава во семејната куќа во Норфолк, со принцот Вилијам и нивните деца.
Извор близок до кралското семејство изјавил дека Мидлтон не очекувала да добие подарок од Хари и Меган, кои сега живеат во Америка.
Наводно односите меѓу „Кембриџ“ и „Сасекс“ се подобруваат, по неколкуте месеци вознемиреност и гнев откако Меган и Хари решија го напуштат британското кралско семејство.
„Беше убаво изненадување… Кејт не очекуваше дека ќе добие поклон од парот“, рекол изворот за „US Weekly“.
Меган и Хари на војвотката ѝ испратиле роденденски честитки и „внимателни“ подароци од Америка. Изворот исто така тврди дека Вилијам ја почестил Кејт со пар обетки со дијаманти и сафир.
Палатта Кенсингтон сподели фотографија од Кејт по повод 39-тиот роденден на војвотката за време на викендот.
„Родендените беа многу поразлични во последните месеци и нашите мисли продолжуваат да бидат со сите оние кои работат на фронтот во ова предизвикувачко време“, беше пораката упатена за здравствените работници.
Минатата година роденденот на Кејт повторно „во сенка“ откако Меган и Хари решија да ги објават своите планови дека се откажуваат од кралското семејство.
„Мислам дека не е тајна дека имало големи тензии и потешкотии во нивната релација… Имаше нераскинлива врска меѓу нив и тие беа многу блиски“, изјави кралскиот експерт Кејти Никол.
„Мислам дека тие никогаш нема да бидат блиски како што беа, но веќе поминаа девет месеци од „Мегзит“. Мислам дека нивните односи се подобруваат“, изјави таа, тврдејќи дека се во контакт и дека Хари им испратил многу Божиќни подароци на децата.
Дали Меган Маркл и принцот Хари ја „засенија“ Кејт Мидлтон со новото соопштение?