Актерката Кејт Хадсон (41) позната по многуте улоги во романтични комедии, е многу блиска со нејзината мајка, актерката Голди Хоун, но не е во контакт со нејзиниот татко.

Познатата актерка искрено, во текот на неделава во епизода на подкастот „Sunday Today“ откри дека страда затоа што со години не е во контакт со нејзиниот татко, музичарот и актер Бил Хадсон.

Тоа е проблем стар 41 година. Имам одлично смеејство, но за жал не го познавам татко ми. Ваквите ситуации се многу чести денес и мислам дека е важно луѓето да зборуваат за тоа“, изјави ѕвездата, додавајќи дека би сакала да се поврзе со нејзиниот татко и неговите деца.

Instagram
Instagram

Актерката раскажа дека таа и нејзиниот брат, актерот Оливер Хадсон, денес немаат контакт со нивниот татко кој беше во брак со нивната мајка Голди од 1976 до 1982 година.

Мислам дека, како што поминував низ тој процес… Некако гледам на татко ми, како, знаете, љубовта никогаш не бледее. Отсекогаш била таму, без оглед на сите компликации. А заздравувањето е… лично, и мислам дека луѓето понекогаш треба само да слушнат дека не се сами во тоа“, вели таа.

Хадсон честопати се осврнува на овие прашања во својот подкаст „Sibling Rivaly“, кој го води заедно со нејзиниот брат Оливер.

Instagram
Instagram

Размислував за татко ми, но исто така и за нашите сестри и браќа со кои не се дружиме, а имаме четири браќа и сестри“, изјави актерката.

По разводот од Голди Хоун, Бил добил уште четири деца.

Instagram
Instagram

Сепак, татковата фигура ја презеде актерот Курт Расел кој е долгогодишен партнер на нејзината мајка со која е многу блиска и за кого има само пофални зборови.

Во претходно интервју пред неколку години, Кејт Хадсон откри дека му простила на нејзиниот татко што ги оставил кога биле деца.