Сезоната на грип е пред нас, па добрата вест е дека одредени видови зелјест зеленчук можат да помогнат во зајакнувањето на човековиот имунолошки систем.
Зелјестиот зеленчук е исклучително општокорисен за телото бидејќи содржи витамини, минерали и други клучни хранливи материи. Сепак, тука би го издвоила кељот како храна којашто треба почесто да ја внесувате – вели нутриционистката Лорен Манакер за списанието „Ит дис, нот дет“ (Eat This, Not That).
Таа тврди дека јадењето кељ е најкорисно бидејќи содржи две есенцијални состојки за зајакнување на имунолошкиот систем – витамините А и Ц.
Витаминот А е одличен и за одржување на здравјето на кожата. Како најголем орган на човечкото тело, а со помош на овој витамин, кожата ќе стане доволно силна за да ве заштити од влијанија што можат да доведат до болести, како бактерии и хемикалии. Тој е добар и за варењето… Кељот може да се подготви и на брз начин, така што се додава во смути, или пак, со динстање со маслиново масло и кромид – појаснува Манакер.
Според наводите, витаминот Ц го стимулира лачењето антитела што телото ги користи за одбрана од вируси и бактерии.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.