Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола ги повика граѓаните на РС Македонија со бугарска етничка припадност да го победат стравот и да се попишат како Бугари на пописот којшто е во тек. Од КЦ „Иван Михајлов“ велат дека е се поизвесно дека на пописот ќе излезе бројка која ќе е повеќе од доволна за бугарскиот народ да влезе во Уставот на РС Македонија. Тие потсетуваат исто така дека после рамкивниот договор сите народи што се во Уставот имаат квоти за вработување, за запишување на факултет, за раководни места, за советници и др.
„Почитувани браќа и сестри, знаете дека после рамковниот договор сите народи што се во Уставот имаат квоти за вработување, за запишување на факултет, за раководни места, за советници… Се поизвесно е дека на пописот ќе излезе бројка која ќе е повеќе од доволна за бугарскиот народ да влезе во уставот. Време е да свртиме нов лист, време е да го победиме стравот, време е да видиме некаков бенефит од државата во која живееме, време е да останеме да живееме во Македонија и да градиме иднина тука, време е да се попишеме како бугари.ПОБЕДИ ГО СТРАВОТ,ПОПИШИ СЕ БУГАРИН“, стои во повикот на КЦ „Иван Михајлов“ Битола.