Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, соопшти дека сите функционери на ДУИ што не носеле маски и не држеле растојание на роденденот на Али Ахмети прекршочно се казнети, а добиле и кривични пријави.
„Казнети се сите до еден на таа маса. До сега не може да му замерите на МВР кога се работи за казни за државни функционери. Од премиерот, заменик-премиерот и министрите, сите до сега се казнети за превиди кои треба да се санкционираат“, рече Спасовски.
Тој смета дека Јавното обвинителство треба да одлучи дали функционерите на ДУИ треба и кривично да одговораат, а најавен бил и вонреден испекциски надзор од Трудовиот инспекторат.
„Не е забрането одржување на средби и состаноци во државните институции, но мора да се почитуваат протоколите од Комисијата за заразни болести“, рече Спасовски.