Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер и ноќеска од 23 до 5 часот спровеле засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол.
-При контролата, откриени и законски санкционирани се 20 возачи (ТЕ-15 и ГВ-5) кај кои било утврдено присуство на алкохол во организмот. Сите се веднаш исклучени од сообраќај, изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност, како и привремено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година, соопшти Министерството за внатрешни работи.
При контролата, исто така, биле санкционирани и десет други видови сообраќајни прекршоци – девет во Тетово и еден во Гостивар.
-СВР Тетово апелира до возачите да не седнуваат зад волан доколку консумирале алкохол затоа што управувањето под дејство на алкохол ја доведува во ризик нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, информира МВР.