Советот на Општина Кавадарци, на вонредна седница донесе одлука за кофинансирање на проект „Изградба на Дневен Центар за лица со телесна или ментална попреченост“.

Според одлуката, вкупната  проектирана вредност на проектот е во износ од 47.126.479 денари со вкалкулиран ДДВ.

Финансиските средства во износ од  42.413.831 денари, ке се обезбедат од Министерството за труд и социјална политика за 2023 година.

Општина Кавадарци ќе обезбеди финансиски средства за кофинансирање на овој проект во висина од 4.712.648  денари или 10 отсто од вкупната вредност на проектот и не повеќе од  20 проценти од вредноста за непредвидени работи по спроведена јавна набавка, што ќе се обезбедат од буџетот на Општина Кавадарци за 2023 година.

Опремувањето на домот е обврска на Министерството за труд и социјална политика и финансиските средства за таа намена се надвор од оваа финансиска конструкција.