Кавадарчанка била нападната од сопругот, а малолетник од двајца сожители, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
– Во текот на вчерашниот ден, во ОВР Кавадарци, 54-годишна жена пријавила дека околу 11 часот во семејниот дом во Кавадарци била физички нападната од нејзиниот 59-годишен сопруг Н.О. Седумнаесетгодишник од село Дреново пријавил дека претходната ноќ, околу 23.30 часот, бил физички нападнат од Ф.Б.(23) и Х.Ј.(21), појасни Додевски.
Тој додаде дека по целосно документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава.