Доцна синоќа околу 3 часот полицијата привела две лица од Кавадарци на возраст од 31 и 33 години, (Ј.Т. и К.М.), поради напад врз полициски службеник во кафеана во градот.
Двајцата биле задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител, информираат од МВР.
Сепак, драмата продолжила и по два часа, кога надлежните вршеле спровод во Општа болница Кавадарци на уапсениот Ј.Т.(31), за да му се изврши лекарски преглед. Тогаш се појавило ттрето лице З.П.(36) кое ги спречувало полициските службеници во вршењето на службените дејствија.
Според информацијата од МВР за случајот, и тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. Ќе следат кривични пријави за тројцата кавадарчани, додаваат од полицијата.