Делегација од Катар е во посета на Израел како дел од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците и затворениците.Дипломат го потврдил доаѓањето на групата за германската агенција ДПА.

Дипломатскиот извор рече дека делегацијата, штго пристигна во саботата, е дел од оперативниот тим на Катар за конфликтот во Газа. Нивната задача е да разговараат за понатамошните чекори во спроведувањето на договорот меѓу Израел и палестинските милитантни групи – како и со посредниците во Доха.

Тимот треба да се погрижи „договорот да продолжи непречено и да разговара за понатамошни детали од сегашниот договор“, изјави дипломатот за ДПА.

Катар и Египет се сметаат за важни посредници во конфликтот во Газа меѓу Израел и исламистичкото движење Хамас. Катар одржува блиски и опсежни контакти со Хамас, иако заливската земја нема формални дипломатски односи со Израел.