Пратеникот Кастриот Реџепи во изјава за „Фокус“ вели дека според пораката на Советот на Европа се поизвесно е дека се наближува денот кога ќе добиеме датум за започнување на пристапни преговори, можеби уште во јануари.
-Се уште опстојувам во моето убедување за европска Северна Македонија и со мојата одлука допринесоа да имаме стабилно мнозинство во Парламентот без никакви политички кризи. Тоа значи дека ние сме стабилни и подготвени за решение со Бугарија, вели Реџепи и притоа додава:
Имајќи предвид декa Советот на Европа испрати јасна порака дека со нетрпение очекува одржување на првата меѓувладина конференција помеѓу РСМ и Р. Бугарија додавајќи и изјавата на премиерот Петков дека ќе се залага силно за решавање на пречките помеѓу двете држави за веќе да нема блокади за нашата држава од бугарска страна се докажува дека е се поизвесно дека се наближува денот кога ќе добиеме датум за започнување на пристапни преговори, вели Реџепи за „Фокус“.