Количината на здрави супстанци кои се наоѓаат во оваа житарица го зајакнува целото тело и спречува појава на разни болести. Станува збор за хељдата, а постојат најмалку 7 причини зошто треба да ја внесете оваа житарица во вашата исхрана.

Еве што сè може да излекува хељдата:

Помага во лекување на вируси и заразни болести. Кашата од хељда лекарите одамна ја препишуваат на пациенти кои страдаат од настинки. Ова се должи на позитивното влијание на рутинот кој ги обновува ѕидовите на крвните садови, така што моќта на хељдата е одамна позната во медицината.
Ја подобрува состојбата на крвните садови

Рутинот е толку добар во зајакнување на крвните садови што фармацевтската индустрија го користи при производство на лекови. Хељдата е особено корисна за лица кои страдаат од дијабетес. Кашата од хељда помага при хемороиди, проширени вени, срцеви и венски патологии. Ако ги замените компирот и лебот со хељда, сериозно ќе го подобрите вашето здравје.

Лекува анемија условена од недостаток на железо

Кога недостасува хемоглобин во крвта, тоа значи дека вашите клетки гладуваат. Хељдата е богата со железо, па затоа се препорачува кај лица кои страдаат од анемија. Кај потешките случаи, задолжително е примање на лекови препишани од лекар, но и исхрана богата со железо, вклучувајќи и хељда.

Помага во намалување на телесната тежина

Одамна е познато дека хељдата се користи како главен производ за слабеење во многу строги диети. Таа е исклучително нискокалорична и здрава намирница, а доколку сте на диета, кашата од хељда е нешто што треба да го појадувате секој ден.

Совршена за бремени жени

Хељдата има високо ниво на фолна киселина, што е особено неопходно за здравјето на идната мајка и бебе, бидејќи го поттикнува производството на крв и го прави телото поотпорно на штетните влијанија од околината.

Спречува радиоактивно зрачење

Хељдата содржи голема количина калиум, фолна киселина и други елементи во трагови кои ги отстрануваат радионуклидите од телото, го блокираат јонизирачкото зрачење и ги спречуваат ефектите на штетните природни фактори.

Спречува развој на малигни болести

Експертите велат дека хељдата може да го спречи развојот на малигни заболувања. Рамнотежата и корисноста на хемискиот состав ја прават хељдата една од најпрепорачуваните намирници во борбата против ракот.

Рецепт за каша од хељда:

Потребни состојки: вода, сол, брашно од хељда.

Начин на подготовка: Ставете вода и сол во едно тенџере и ставете го на шпорет да зоврие. Кога ќе зоврие, тргнете го тенџерето од оган и во него додадете го брашното од хељда.

Мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Во кашата можете да додадете: сирење, јогурт, кајмак, други семиња (ореви, семки од тиква, семки од сончоглед) или можете да направите слатка каша со додавање на мед, суво грозје и слично.