Лидерот на Беса, Биљал Касами вели дека на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски разговарале за можноста да се одржат предвремени парламентарни избори. Што се однесува до предизборна коалиција, Касами вели дека ќе размисли за коалиција со македонска партија, бидејќи се чувствуваат предадени од СДСМ.
По предавството што и се случи на Движење Беса по нереализирањето на потпишаниот договор со кој станавме дел од владата и на премиерот Заев му дадовме можност да биде на чело на владата, ќе размислиме два пати за нов евентуален договор за некаква предизборна коалиција, можеби и три пати, но ние сме политичка партија, не ги затвораме вратите за соработка на ниедна политичка партија, но во овој случај горкото искуство со предизборни коалиции ни наметнува одлуката да биде многу подобро обмислена, вели Касами.
Лидерот на Беса ги покани сите албански партии да седнат заедно и како што вели, еднаш засекогаш да направат политичка ротација и кај Албанците.
Како што е познато БЕСА беше во предизборна коалиција со СДСМ, но потоа оваа коалиција се распадна поради несогласувања, па сега двајцата пратеници на оваа партија во Собранието делуваат како опозиција и даваат поддршка на блокадата на ВМРО-ДПМНЕ.