Во Тетово имињата на улиците и училиштата и натаму носат имиња наследени од поранешна Југославија, Ленин, Јосип Броз Тито, ЈНА, Страшо Пинџур и многу други фигури кои се поврзани со партизаните и комунизмот. Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами уверува дека имињата на улиците ќе се сменат, но ја чека одлуката од Катастар, потоа прашањето ќе се дискутира во комисија а на крај во Општинскиот совет, јавува ТВ 21.

-Верувам дека ниту ВМРО, ниту која било друга македонска партија не би сакала да биде надвор од овој процес бидејќи тоа значи дека именувањето на улиците ќе се врши без нивно присуство и оние кои ќе бидат во комисијата ќе одлучуваат за имињата на улиците што ќе одговара на нивните барања. Мислам дека ВМРО не би се согласила сите улици во Тетово да бидат именувани по албански личности и секако дека ќе сакаат одредени улици да бидат именувани по македонски личности, а за да се случи ова треба да биде ВМРО или друга македонска партија да биде дел од ова-рече Касами.

Но двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се против, а како причина наведуваат дека градот има поважни прашања за решавање.

„Општинското раководство на СДСМ е против евтиниот популизам на локалната власт на чело со Биљал Касами. Затоа им порачуваме, наместо да седат и да измислуваат имиња на улици, да земад да изградат и реконстуираат улици.“, велат од СДСМ.

Касами очекува во процесот да се приклучат и македонските партии, но додава дека и да не сакаат да се приклучат, може да се направат промени бидејќи „бадентер“ не е потребен.

-Дали тоа значи дека и без ВМРО ќе се стави на совет?

Значи дека овој процес ќе биде инклузивен до крај, но секој што нема да биде дел е негова вина.

-Бадентер не треба?

Како што имаме информации, не.

Дека Бадентер не е потребен, на 18 август минатата година на ТВ21 рече и претседателот на општинскиот совет Бесар Дурмиши.

-Оние кои се над 20 отсто се бројат според Бадентер, сега ја почнавме оваа иницијатива, имаме волја да ги смениме имињата. Веќе сме во процедура и за ова бараме стабилно мнозинство.-рече Дурмиши.

Велите дека не е потребен Бадентер, веќе сте осум месеци, зошто не ги менуваѕе?
-Со последниот попис што беше направена излезе под 20% и ситуацијата беше ваква, а по изборниот процес веднаш ќе почнеме да ги менуваме имињата.

Според пописот од 2021 година, во Тетово живеат 84.770 жители, од кои 60.460 или 71% се Албанци, додека 15.529 или 18,3% се Македонци.

Вкупниот број на жители во Тетово е 84.770
Албанци: 60.460 / 71,3%
Македонци: 15.529 / 18,3 %
Роми: 1.885 / 2,2 %
Турци: 1.746 / 2,1 %
Срби: 256 / 0,3 %
Босанци: 189 / 0,2 %

Од Албанското академско здружение кое работеше на проектот за преименување на улици и институции во Тетово, велат дека во септември поднеле иницијатива и дека се уште чекаат општината да преземе конкретни чекори.

-Тоа беше потпишано на 5 август и веднаш почнавме со работа два-три месеци подоцна, а убеден сум дека е доставен во септември-октомври минатата година и како таков е готов, дури и кога повторно разговаравме со градоначалникот и општината, ни рекоа дека ќе формираме комисија која ќе биде мешана комисија, а откако ќе се формира таа комисија ни рекоа дека ќе не поканат да ја презентираме и да ја аргументираме-изјави Зеќирија Кадриу од Здружението на албански академици.

Сега промената на името на училиштата и тетовските улици е во рацете на општинските советници, доволно за да започне процесот. Во Советот Беса има 12 советници, ДУИ 11, ДПА и Алтернатива по 1, ВМРО 4 и СДСМ 2. Овие бројки покажуваат дека и да не се согласат македонските партии, потребното мнозинство може да се постигне со гласовите на албанските партии.