Државно земјиште со површина од над 40.000 метри квадратни кај касарната Илинден во Скопје ќе се продава за изградба на згради, објави СДК.мк.

Како што пишува овој портал, на вчерашната седница на Советот на Општина Карпош беше изгласана одлуката за отуѓување на градежно земјиште за реализација на Деталниот урбанистички план (ДУП) Градска четврт ССИ 03 од Блок 4, касарна Илинден.

За одлуката гласаа осум советници од СДСМ, двајца советници од ГРОМ, еден советник од Демократска партија на Србите и еден советник од ВМРО-ДПМНЕ кој излезе од советничката група. Против беа четири советници од Левица, двајца советници од „Независни за Карпош“, а пет советници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека нема ништо спорно во оваа одлука, а ДУП-от за касарната Илинден е изгласан во мандатот на Стефан Богоев од СДСМ.

Целата вест на следниот ЛИНК.