„Едноставно, а убаво“

Потребни состојки:

  • готов ролат (се сече на парчиња)
  • 4 јајца
  • 7 лажици брашно
  • 5-6 лажици шеќер
  • 50 грама шеќер во прав
  • 700 милилитри млеко
  • 250 грама маргарин или путер
  • Шлаг (за декорација)
  • Чоколадни трошки (за декорација)

Подготовка:

Соединете ги јајцата, брашното и шеќерот со 200 милилитри млеко. Потоа, ставете го преостанатиот дел од млекото, односно пола литро да се вари. Откако ќе зоврие, додадете ја во него смесата и варете како пудинг.

Настрана, изматете го маргаринот со 50 грама шеќер во прав. Соединете ја оваа смеса со претходната, која треба да изгледа како крем.

Потоа, обложете сад со фолија, па врз неа се ставаат неколку парчиња од претходно исечениот ролат. Истурете го кремот, а одозгора се реди со останатите парчиња од ролатот.

Се остава да се олади, па се декорира по желба. Јас го направив тоа со шлаг и чоколадни трошки.

На крај, се сече парче и останува само да се ужива во сочниот вкус!

НА ЗДРАВЈЕ!


За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.