Aмериканската раперка Карди Би ја доби својата прва главна улога во филм, пишува „Variety“.

Имено, станува збор за нов проект на „Paramount Pictures“, а филмот во кој обожавателите на раперката за прв пат ќе ја видат во улога на актерка е наречен „Assisted Living“.

Филмот се опишува како „безобразна комедија“, во стилот на класичните комедии како „Tootsie“, „Sister Act“ и „Mrs. Doubtfire“.

Instagram
Instagram

Според оригинално сценарио на Кеј Ојегун, кој воедно е сценарист и на серијата „This Is Us“. Темпл Хил и Стивен Лав ќе бидат главни продуценти на филмот.

Пејачката на хитовите „Bodak Yellow“, „I Like It“ и „WAP“ дебитираше во долгометражниот филм „Hustlers“ во 2019 година со каде глумеше споредна улога.

Instagram
Instagram

Но, овојпат главната улога веројатно носи поголема одговорност, па обожавателите со нетрепение го очекуваат трејлерот и премиерата на филмот.

Покрај тоа, раперката беше дел од жирито на музичкото шоу „Rhythm+Flow“.